Сончево и топло во недела, по понеделник попладне наоблачување
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 3 септември 2016

БАЛКАН (04.09.2016) – На Балканскиот полуостров ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Во доцните попладневни и во вечерните часови во северните предели продор на нестабилна и посвежа воздушна маса која ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд. Оваа нестабилност во Македонија ја очекуваме во текот на ноќта понеделник кон вторник. Максималните температури ќе се движат од 26 степени во Софија до 32 степени во Тирана и Подгорица.

 

 

МАКЕДОНИЈА (04.09.2016) – Во Македонија во недела по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 7 до 17 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Карта на очекувани максимални температури

 

СКОПЈЕ (04.09.2016) - Во Скопје во недела не очекува свежо утро со утринска температура од 15 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен слаб северен ветер. Максималната дневна температура до 31 степен.

Карта на температурни отстапувања во однос на повеќегодишниот просек

 

МАКЕДОНИЈА (05.09.2016) - Во Македонија во понеделник во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево. Попладне постепено зголемување на облачноста која во доцните вечерни часови и во текот на ноќта понеделник кон вторник ќе донесе врнежи од дожд и засилен ветер. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 7 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.