Септември - климатолошка есен и надпросечни врнежи во Македонија
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 1 септември 2014

Септември го најавува почетокот на есента и есенската рамноденица која настапува на 23 септември, кога денот и ноќта се исти. Во основа се карактеризира со стабилно време, постепено намалување на температурата, посвежи и повлажни утра и ноќи и секако со прекрасно сонце во текот на денот. Ова е месец кога амплитудите на температурата се поголеми.

 

Септември го означува и почетокот на климатолошката есен.

Температурини отстапувања во однос на просекот за месец септември

 

Според сезонскиот модел за прогноза на NCEP, септември во Македонија би требало да биде температурно просечен со температури кои што се карактеристични за овој месец, со исклучок на јужните, југоисточните и источните предели каде што се очекува температурите да бидат пониски за 0.5°C до 1°C во однос на повеќегодишниот просек за овој месец.

 

Отстапување на количеството на врнежи во однос на просекот за месец септември

 

Што се однесува до количеството на врнежи септември 2014 година треба да биде многу поврнежлив во споредба со просечните вредности за месец септември. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните, западните и југозападните предели од Македонија.