Од утре жолта предупредувачка фаза. Следуваат денови со пообилни врнежи од дожд и грмотевици
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 22 април 2014

Од утре (среда 23.04.2014) Македонија ќе под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе условува поинтензивни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и поројни и грмотевици. Бидејќи во среда, четврток, петок и сабота се очекуваат пообилни врнежи од дожд, постои опасност и од локални поплави.

  

 

 

Во среда ќе биде умерено облачно  и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови претежно во западните предели. Ќе дува умерен северн и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°C односно до 22°C.

врнежи од дожд                                                                грмотевици

 

 

Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Во доцните попладневни часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 11°C до 21°C.

 врнежи од дожд                                                                грмотевици

 

 

Нестабилното време со врнежи од дожд и грмотевици ќе продолжи и во петок. Поинтензивни и поројни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува умерен северозападен а во западните предели умерен западен и северозападен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C до 20°C.

  врнежи од дожд                                                                грмотевици

 

 

Во сабота во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи во источните предели ќе има попладне, а во западните предели во попладневните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 12°C, а дневните температури од 9°C до 18°C.

 врнежи од дожд                                                                грмотевици