Обилни врнежи и лизгање на земјиште во Непал. Загинале најмалку 15 лица
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 31 јули 2015

Во лизгање на земјиштето кое што е предизвикано од обилни врнежи од дожд во западен Непал загинале 15 лица, а тој број на загинати не е конечен, соопштил министерството за внатрешни работи на Непал.

 

 

Од лизгање на земјиште уништени се најмалку 22 куќи.

 

Владата изрази стравување дека по силниот земјотрес во кој на почетокот на годината загинале 9000 лица, зголемена е опасноста од појава на лизгање на земјиштето во текот на сезоната на монсуните која трае од јуни до септември.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk