Неделна анализа - Утре промена на временската состојба. Дожд, засилен ветер, снег и пад на температурите
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 14 април 2014

Во Македонија во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд, засилен ветер и пад на температурите. Попладне врнежи од снег ќе има на планините над 1800 метри надморска висина кои во вечерните часови ќе се спуштат на 1000 метри надморска висина.

Попладне ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринската температура од 2°C до 8°C, а дневните температури ќе достигнат до 11°C односно до 20°C.

 

 

Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и засилен ветер. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 5°C, а дневната температура ќе достигне до 18°C.

 

Во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд, постудено и ветровито. Над 900 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 6°C, а дневните температури ќе се движат од 4°C до 12°C.

 

 

Во четврток во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -1°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 6°C односно до 15°C.

 

Во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Врнежи од снег ќе има на планините над 1500 метри. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 6°C, а дневните температури од 5°C до 14°C.

 

Во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 2°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 6°C одосно до 15°C.

 

Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди но и со услови за  локални врнежи од дожд и потопло со пораст на температурите. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури од 3°C до 9°C, а дневните температури ќе се движат од 11°C до 20°C.