Неделна анализа - Нестабилно со врнежи од дожд, пад на температурите и појава на магла
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 1 септември 2014

Во Македонија во вторник ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Попладне се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, а локално понекаде ќе наврнат и над 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 26°C.

 

 

Во Скопје во вторник ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.

 

Во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо.  И во среда се очекуваат понекаде врнежите да бидат поинтензивни, па локално можно е да наврнат и до 30 литри дожд. Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 19°C, а максималните дневни ќе достигнат до 17°C односно до 25°C.

 

 

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

 

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°C до 27°C.

 

 

Во вечерните часови ќе има услови за појава на слаба магла.

 

Во петок во раните утрински часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен и источен ветер кој ќе достигне брзина и до 25км/ч. Утринските температури од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 26°C.

 

 

Во вечерните часови ќе има услови за појава на магла.

 

И во сабота во Македонија ќе продолжи нестабилното време со локални врнежи од дожд. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 25°C.

 

Во недела ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°C до 27°C.