Најмалку 150 жртви во лизгање на земјиште во Индија
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 30 јули 2014

Најмалку 150 жители на село во западна Индија се затрупани во свлечиште предизвикано од обилните дождови.

 

 

Во свлечиштето со земја биле затрупани најмалку 40 куќи, јави Асошијатед прес.

 

Спасувачките екипи се на местото на трагедијата, а во меѓувреме населението почнало да трага по евентуално преживеаните. Кон селото Амбе се упатиле 7 спасувачки тимови.

 

Извор - Канал 5