Климатолошка анализа 12-18.10.2014. Во Македонија надпросечно топло и суво
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 20 октомври 2014

Американскиот национален центар за климатски податоци кој функционира во склоп на Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) ги објави климатските податоци за периодот од  12 до 18 октомври 2014 година за Европа.

 

 

Во поголем дел од Европа биле регистирани надпросечни температурни вредности кои биле за 1-5 степени а во некои делови и до 9 степени повисоки од повеќегодишниот просек.

 

Температури кои биле повисоки за 7 до 9 степени од повеќегодишниот температурен просек биле регистрирани во делови од Словенија и Хрватска. За 5 до 7 степени потопло од просекот било во поголем дел од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија, Романија и Украина и во помали делови од Германија, Белорусија, Полска, Италија, Албанија, Црна Гора.

 

Во останатите делови биле забележани температури кои биле повисоки за 1 до 3 односно за 3 до 5 степени кои биле повисоки од повеќегодишниот температурен просек.

 

Температурно просечна седмица била регистрирана во делови од Пиринејскиот полуостров, Ирска, Норвешка и Шведска и во делови од Прибалтичките земји во Литванија, Латвија и Естонија.

 

Температури кои биле пониски за 1 до 3 степени од повеќегодишните температурни просеци биле измерени во северна Европа и тоа во делови од Норвешка, Шведска, Финска и Естонија. Во делови од Финска температурите биле пониски и за 3 до 5 степени од просечните вредности.

 

Количеството на врнежи било доста разнолико низ Европа. Најмалку дожд или воопшто го немало се областите кои се означени со кафеава боја на мапата за Вкупно количество на врнежи.

 

Според овие податоци во Македонија сме имале температурно надпросечна и сушна седмица. Во поголем дел од Македонија температурите биле повисиоки за 3 до 5 степени во однос на повеќегодишниот просек. Во југоисточните делови температурите биле повисоки за 1 до 3 степени, а во краните северозападните предели биле регистрирани температури кои биле повисоки за 5 до 7 степени од просечните вредности за овој период од годината.

 

Што се однесува до врнежите од дожд во Македонија во гореспоменатиот период биле регистрирани минимални количини на врнежи. 

 

 

Температурни отстапувања од повеќегодишниот просек

 

 

Вкупно количество на врнежи

 

 

Екстремни максимални температури

 

 

Екстремни минимални температури