Јули во Европа - Рекордни температури во северна Европа
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 21 август 2014

Јули во 2014 година во Европа донесе интересна климатска разноликост. Според средната месечна температура северниот дел од Европа бил натпросечно топол за околу 3°C од просечните повеќегодишни вредности. Поголем дел од западна и јужна Европа имале температури кои се движеле во интервал на просечните вредности. Постудено од просечните вредности било во Шпанија, на југоисток од Франција и во поголем дел од Италија.

 

Во Норвешка овој јули бил најтоплиот откако се запишуваат температурите односно од 1900 година. Просечната температура била за 4.3°C повисока од просечната вредност. Некои делови од Норвешка биле и за 7°C потопли од просечните вредности.

 

 

Карта на температурните отстапувања за месец јули 2014 во Европа

 

 

 

Карта на отстапувањата на средните јунски температури од просекот за Норвeшка што ја изработил Норвешкиот метеоролошки институт

 

Во Данска овој јули се изедначил со јули од 1994 година коко втор најтопол. Јули 2014 година бил за 3.9°C потопол од повеќегодишниот просек.

 

Средна јулска температура во Данска - изработена од Данскиот метеоролошки институт

 

И во Шведска овој јули бил многу потопол од просекот. На запад од Шведска јули бил рекордно топол. Речиси во сите делови на Шведска температурата била за најмалку 3°C повисока од просечната вредност за месец јули.

 

Карта на температурните отстапувања на средната јулска температура од просекот, карта што ја изработил Шведскиот метеоролошки институт

 

Во Европа генерално наврнало многу повеќе дожд од просекот. Во делови на Јадранското крајбрежје и западното крајбрежје на Италија наврнале речиси четири пати повеќе дожд од просекот за месец јули. Сушно било на север од Европа, а најмалку дожд наврнало на југ од Шпанија, Сицилија и Турција. Рекордно количество на дожд паднало во Франција и Швајцарија.

Отстапување во % на количеството на дожд во однос на просекот во јули 2014 година

 

 

 

Вкупно количество на дожд во јули 2014 година