Екстремни временски услови причина за абнормалности во пердувите на младите птици
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 13 март 2015

За време на истражувањето на популација на птици кои се гнездат на копно во близината на Ел Рено, истражувачкиот тим од Универзитетот во Оклахома открил дека стресот предизвикан од екстремните временски услови на 31 мај 2013 се манифестирал преку деформација во растењето на пердувите на малите птици. Тимот бил сведок на феноменот наречен „бледи ленти“ кај голем дел од младите птици, кои се во зачеток на својот развој, од родот Grasshoper Sparrow, и  открил зголемен хемиски состав како показател за  феноменот „бледи ленти“, кој предизвикал абнормалности кај новите пердуви.

 

 

„Можеби ова е првиот пример од научна гледна точка, екстремните временски услови при големите бури да бидат посочени како причина за предизвикување на стрес кај дивиот свет“ изјави Џереми Рос( Jeremy Ross ), кој го водеше истражувањето на Одделот за биолошко истражување при Колеџот за уметности и науки во Оклахома.Други соработници во истражувањето бea  Џефри Ф.Кели( Jeffrey F. Kelly ) и Ели С. Бриџ( Eli S. Bridge ), од Одделот за биолошко истражување во Оклахома; Мајкл Х. Инџел( Michael H. Engel ) од КонокоФилипс училиштето за геологија и геофизика; Ден Л. Реинкинг( Dan L.Reinking) од Истражувачкиот центар за птици Сатон; и Алис Бојл( Alice Boyle) од државниот Универзитет во Канзас.

 

Пресвртниот момент  се случил при една несреќа во август 2013 год., кога научниците забележале голема зачестеност на „бледи ленти“ низ пердувите на опашката на младото врапче од родот на Grasshoper Sparrows, фатен во близина на местото кое било дел од друго истражување. Рос и неговите соработници хипотетички констатирале дека „бледите ленти“ биле настанати од стресот од големото невреме што се случило порано истата година, јужно од областа, кога голем дел од птичјата поплација бил усмртен од топчињата град широки и до 2,2 инчи ( 5,5 cm ) за време на бурата која предизвикала EF5 торнадо широко 2 милји ( 3,2 km ).

 

Тимот предвидел дека делот на пердуви со „бледи ленти“ ќе содржи драстично повеќе одредени изотопи на азот. При стресна  ситуација, мускулното ткиво се распаѓа, менувајќи го азотниот состав на крвта, кој како таков оди во пердувите кои се во зачеток на својот развој. Од 18 млади птици кои се наоѓале на тоа место, тимот го измерил нивото на изотопи на азот во „бледите ленти“ во однос на други делови од истите пердуви на опашката.

 

Како резултат на ова, тимот конечно успеал да помогне со овие показатели за стрес при страшното невреме во 31 мај, 2013 со тоа што го потврдиле процентот на птици, што се очекува да се изведат во просечна година почнувајќи од 31мај , 2013, со процентот на млади птици кои имаат „бледи ленти“.