Експертите очекуваат разорно Ел Нињо кој ќе трае се до пролетта
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 30 јули 2015

Експертите за климатски промени велак дека Ел Нињо кој наскоро се очекува ќе биде најсилен во последните 10 години, а економистите предупредуваат дека порадт него се очекува пораст на цената на кафе, чоколадо и шекер.

 

 

И додека во Калифорнија се надеваат дека Ел Нињо ќе им донесе крај на страшната суша која владее, а во Перу веќе започнале подготовките за големите поплави кои што ги очекуваат.

 

Австралискиот завод за метеорологија уште пред 3 месеци најави дека Велика Британија ја очекуваат студени денови и ледена зима, во САД и Јужна Америка се очекуваат обилни количества на врнежи, а во Азија и Австралија се очекуваат големи суши. Овој климатски феномен на Балканот ќе донесе пред се надпросечни температури како и топла есен и топла зима.

 

Ел Нињо официјално започна во месец март, и сега само расте. Кулминацијата на ова временско пореметување се очекува кон крајот на годината и ќе продолжи се до пролетта.

 

Метеоролозите се согласуваат дека ќе биде толку силен како и оној Ел Нињо кој сите ги изненади во 1997/1998 година.

 

 

Што е Ел Нињо ?

 

Ел Нињо е глобален атмосферско-океански феномен, всушност климатско пореметување што се јавува како резултата на невообичаеното загревање на површината на Пацификот кој пак предизвикува промена на насоката на воздушните струи во повисоките слоеви на атмосферата.

 

Тоа е појава која се поврзува со високите температури на глобално ниво, но и невообичаенните суви, ладни и ледени зими во северна Европа.  

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk