Денес со врнежи од дожд. Нестабилно и во петок и сабота. Во недела стабилизација
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 31 јули 2014

Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, проследено со засилен ветер и услови за појава на невреме. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните часови, па локално се очекува да наврнат и до 40 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 31°C.

 

 

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивен дожд се очекува во попладневните часови. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C. 

 

Нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици проследени со засилен ветер ќе биде во петок. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните часови, каде локално се очекува да наврнат и до 25 литри дожд. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 30°C. 

 

Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Претежно сончево во текот на целиот ден ќе биде во централните предели и на југоисток од земјата. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 34°C. УВ индекс 6. 

 

Во Македонија во недела ќе биде претежно сончево и топло. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападни, северни и источни предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 36°C. УВ индекс 8.