Денес е Понеделник, 21 Мај 2012 година, 142-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 5:06, а ќе зајде во 19:54 часот. Денот ќе трае 888 минути.
Следуваат ли поплави во Европа
Напишано од Администраторот
Среда, 22 Февруари 2012
Источна и Централна Европа може да се соочат со поплави поради доаѓањето на пролетта, односно поради затоплувањето, бидејќи голем дел од нив се парализирани поради високата снежна покривка.

Со доаѓањето на пролетта, ќе почне и топењето на снегот, што ќе предизвика поплави, предупреди денеска Канцеларијата на Обединтите нации за намалување на ризикот од катастрофи (УНИСДР).

Температурите во Бугарија и во Романија, според прогнозите, во наредните десет дена ќе се зголемат на околу десет степени Целзуусови, така што ќе дојде до топење на мразот на Дунав.

Додека илјадници лица на територијата од Србија до Бугарија и натаму живеат во тешки услови, постојат знаци дека големи поплави ќе предизвикаат дополнителни загуби на човечки животи и економски проблеми, изјави специјалниот претставник на ОН за намалување на ризикот од катастрофи Маргарета Валстром.

Таа додаде дека најпогодени ќе бидат местата без адекватна инфраструктура за санирање на поплави, како што се брани и дренажни цевки.

Во поларните студови и силните врнежи од снег, кои неодамна зафатија делови од Европа, животот го загубија над 600 лица. Поради екстремно ниските температури цели заедници ќе останат отсечени.

Сега е време властите на овие земји, Црвениот крст, националните платформи за намалување на ризикот од катастрофи и надлежните за цивилна заштита да се погрижат да нема жртви кога ќе пристигнат поплавите, изјави портпаролот на УНИСДР Денис Меклин.
Временска прогноза
Настани
Zaz
Понеделник, 21 Мај 2012
Скопје
мин. 11 ℃ - мах. 23 ℃
Weather4All на Facebook
Пријатели