Денес е Понеделник, 21 Мај 2012 година, 142-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 5:06, а ќе зајде во 19:54 часот. Денот ќе трае 888 минути.
Полска почна да ја гради својата прва нуклеарна централа
Напишано од Администраторот
Вторник, 21 Февруари 2012
Во Полска 94 %  од електричната енергија ја  произведуваат термоелектраните на јаглен, но сега се планира изградба на две нуклеарни централи од по 3000 мегавати .

Балтичкиот брег во северниот дел на земјата е избран како локација на првата нуклеарна централа во Полска, објавила  полската група PGE. Меѓу стотици на предлози,  во пред-селекција  избрани се три локации во близина на морето: Žarnowiec, Choczewo и Gaski. Конечниот избор ќе биде објавени за околу две години, како и победникот на  натпреварот за изградба на нуклеарната централа . PGE  ќе го објави тендерот.

94 % од електричната енергија во Полска ја произведуваат термоцентралите на јаглен. Сега се планира изградба на две нуклеарни централи од по 3000 мегавати. Првиот реактор треба да биде пуштен во 2020 година. Целата инвестиција ќе изнесува 22 милијарди евра.

Три меѓународни конзорциуми се заинтересирани за работата: француски EDF/Areva, американско-јапонската GE Hitachi Nuclear Energy Americas  и американско-јапонскaтa групација Westinghaus Electric Company LLC.


Временска прогноза
Настани
Zaz
Понеделник, 21 Мај 2012
Скопје
мин. 11 ℃ - мах. 23 ℃
Weather4All на Facebook
Пријатели